• четврток, 25 април 2024

Затворен угостителски објект во Тетово, приведени 12 лица

Затворен угостителски објект во Тетово, приведени 12 лица
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) - При полициска контрола на угостителски објект во Тетово вчера вечерта биле пронајдени 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости, од кои девет странски државјанки. Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во обејктот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово. - При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години. Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја, се вели во соопштението од МВР. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци. аа/скс/

Остани поврзан