Затворен патниот правец Куманово - граничен премин Табановце поради сообраќајна незгода

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Поради сообраќајна незгода, од 21 часот, во прекин е сообраќајот на патниот правец од Куманово, кај бензинската пумпа „Макпетрол“, до граничниот премин Табановце, информираат вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија. бд/сп/