• сабота, 06 декември 2025

Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод

Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод

Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Поради пожар во целост е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница преку националниот парк „Јасен“ до Македонски Брод, соопшти ЈП „Македонијапат“. 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) иформира дека до 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума.

Под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума.

Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во општините Босилово, Врапчиште, Тетово, Кочани, Ресен, Ново Село, Крушево, Теарце и Прилеп. Од скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општина Сарај, кај селата Радуша и Свиларе и во село Шишево, како и пожарот во село Арачиново, општина Арачиново. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан