• петок, 17 мај 2024

Затворен за сообраќај автопатот Свети Николе - Миладиновци поради наноси од снег и подмрзнување на коловозот

Затворен за сообраќај автопатот Свети Николе - Миладиновци поради наноси од снег и подмрзнување на коловозот

Штип, 25 ноември 2023 ( МИА) - Затворен е за сообраќај е автопатот Свети Николе - Миладиновци, потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Од Свети Николе кон Миладиновци затворен за сообраќај е автопатот поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти, вели Ангелов.

Возилата на клучката кај Миладиновци се пренасочуваат да патуваат кон источна и југоисточна Македонија преку Куманово или Велес.

Сообраќајот отежнато се одвива и кај селото Павлешинци на патот Куманово- Свети Николе, поради ветерот кој носи наноси од снег на коловозот. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан