• сабота, 15 февруари 2025

Затворени училиштата во Куба поради недостиг на струја

Затворени училиштата во Куба поради недостиг на струја

Хавана, 14 февруари 2025 (МИА) - Училиштата во Куба денеска се затворени и работат само основните услуги поради недостиг на електрична енергија во земјата по дефект во главната електрана, објави кубанската влада.

Според владините податоци, поради недостиг на гориво, работат само шест од 15-те електрани на нафта во земјата.

Главниот град Хавана беше без струја од шест до 10 часа оваа недела, додека помалите градови беа без струја до 20 часа на ден.

Намалувањето на увозот на нафта од Венецуела, Русија и Мексико минатата година ги доведе во целосна криза старите електрани во земјата кои работат на нафта.

Куба доживеа прекин на електричната енергија на национално ниво кон крајот на минатата година, што предизвика протести и немири.

Во таа земја веќе има голем недостиг на храна, гориво и лекови.

Куба го обвинува американското трговско ембарго и строгите американски санкции за недостигот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан