• петок, 05 декември 2025

Затворени за возила од утре улици во Кавадарци поради „Тиквешки гроздобер“

Затворени за возила од утре улици во Кавадарци поради „Тиквешки гроздобер“

Кавадарци, 2 септември 2025 (МИА) - Поради подготовки за „Тиквешки гроздобер“, од утре улици околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, информираат денеска од Општина Кавадарци.

Оттаму појаснуваат дека поголемите настани од културно-уметничка, едукативна и забавна програма, ќе опфатат повеќе локации од градот.

- Дел од настаните се предвидени да траат и до еден часот по полноќ, а поради подготовките, уште од 3 септември, улиците околу централното подрачје нема да бидат проодни за возила, потенцираат од локалната самоуправа.

Оттаму изразуваат надеж за разбирање и поддршка на настаните што следуваат. Посакаа овој „Тиквешки гроздобер“ да биде уште една убава приказна под отворено небо.

Традиционалната манифестација во Кавадарци ќе се одржи на 5,6 и 7 септември. Покрај традиционалниот тиквешки карневал, богатата музичка програма, мото рели, таблијада и други настани, планирани се и „Гроздоберска трпеза“ и „Тајна дегустација на вино“. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан