Заталкан куршум во паркирано „БМВ“ во Куманово
- Заталкано зрно од огнено оружје завршило во паркирано „БМВ“, сопственост на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 10 јуни 2025 (МИА) - Заталкано зрно од огнено оружје завршило во паркирано „БМВ“, сопственост на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово.
Случајот во полицијата го пријавил педесет и едногодишниот Р. П., вчера во 10.50 часот во СВР Куманово.
- Пријавил дека неговото патничко возило „БМВ“, кое било паркирано во неговиот двор во населба „Јане Сандански“ било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово која презема мерки за расчистување на случајот. ам/мд/
Фото: МИА