• сабота, 29 јуни 2024

Започна Третата Ендуро и Оф-роад трка во Делчево

Започна Третата Ендуро и Оф-роад трка во Делчево

Делчево, 5 ноември 2023 (МИА) - Во Делчево започна третата Ендуро Оф-Роад трка која годинава ќе се одржува на локација Индустриска Зона. Организатор на настанот со поддршка на локални спонзори е спортското здружение мото клуб „Ендуро Тим" од Делчево, а на самото место каде ќе се одржи трката пристигнати се учесници од повеќе градово во Македонија и од Бугарија.

-Се наоѓаме на Индустриската Зона во Делчево каде ќе се одржи нашиот натпревар кој го подготвуваме цела година. Малку имаме отежнати услови, бидејќи во изминатите денови падна голема количина на вода. Станува збор за доста специфичен терен поради самата земја, но сето тоа придонесува за повеќе возбуда и поголем адреналин кај учесниците, истакна претседателот на Ендуро Тим, Виктор Стојановски.

Натпреварот ќе се одржи во вкупно шест категории.

-Крос Мотори до 250 кубици, Крос Мотори над 250 кубици, АТВ, УТВ, Џипови до и над 2500 кубици, а пријавувањето е на самото место пред почетокот на натпреварот, додаде Стојановски.

За најдобрите натпреварувачи предвидени се пехари, благодарници и признанија. Прогласувањето на победниците е закажано за попладневните часови. вс/ев/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан