Започна реконструкцијата на улицата „Бетовенова” во Општина Бутел
- СООПШТЕНИЕ- Оваа улица е една од најважните сообраќајници во општината и не е реконстуирана повеќе децении. Наскоро, локалната самоуправа ќе започне со изградба на спортско-рекреативниот центар “Ударници”, во близина на улицата “Бетовенова”.
Скопје, 4 март 2025
Ве известуваме дека денес (04 март 2025 год.) започна реконструкцијата на улицата “Бетовенова” со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри. Оваа улица е една од најважните сообраќајници во општината и не е реконстуирана повеќе децении. Наскоро, локалната самоуправа ќе започне со изградба на спортско-рекреативниот центар “Ударници”, во близина на улицата “Бетовенова”.
Овие активности се уште една потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Дарко Костовски и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во општина Бутел. Најголем мотив за посветеноста на градоначалникот е укажаната доверба од граѓаните, кои заслужуваат поквалитетни услуги од локалната самоуправа.
Општина Бутел
Фото: ОПштина Бутел
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.