• понеделник, 03 февруари 2025

Започна меѓународен проект за ревитализација на шумите на планините Буковиќ и Паштрик Морина

Започна меѓународен проект за ревитализација на шумите на планините Буковиќ и Паштрик Морина

Трница, Маврово и Ростуше 6 септември 2023 (МИА) – Со учество на претставници на државни институции, невладини организации и еколошки здруженија, во Трница (Маврово и Ростуша) беше означен почетокот на проект за обновување на шумскиот пејзаж во областите на важност за зачувувањето на балканскиот рис, на планините Буковиќ во Северна Македонија и Паштрик Морина во Албанија. 

Според министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, ревитализација на шуми е важна и двете држави и за исполнување на европските цели од Стратегијата за шумите на ЕУ до 2030 година, бидејќи како што кажа во обраќањето, екосистемите бараат усогласено и одржливо управување.

- Се стремиме кон нивна заштита, но при тоа ја поддржуваме и нивната социо-економска функција заради обезбедување просперитет на руралните подрачја и поттикнување на одржлива био-економија базирана на шумите. Како земја кандидат за влез во ЕУ отворени сме за поддршка на сите проекти со кои се олеснува имплементацијата на Зелениот договор на ЕУ и коишто целат кон исполнување на Стратегија за биолошка разновидност и Стратегијата за шумите на ЕУ до 2030 година, рече министерката Шукова.

За важноста од реализацијата на активностите на овој проект зборуваше и првиот човек на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), Борис Ерг кој напомена дека природата не познава граници и важно е да се соработува во региони кои имаат богат биодиверзитет.

Во презентациите беше кажано дека со овој двегодишен проект учесниците низ повеќе активности треба да придонесат во спречување на деградација на шумите и загубата на биолошката разновидност, поттикнување на одржливо управување со шумите и движењето за позелена иднина за двете држави. Преставниците на носителите проектот ги презентираа панираните активности, методолигии и очекуваните резултати.

Решенијата кои ќе се спроведат со проектот се базирани на природа, Nature-based Solutions за обновување на шумскиот пејзаж во областите на важност за зачувувањето на балканскиот рис и сеопфатна реставрација на шумскиот екосистем, кои се клучни за зачувување на критично загрозениот балкански рис.

Овој проект вклучува соработка помеѓу регионалната канцеларија за источна Европа и Централна Азија при Меѓународнен сојуз за заштита на природата (IUCN), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Друштвото за заштита и зачувување на природните вредности во Албанија (ППНЕА), поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање, Република Северна Македонија.згм/са/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан