• понеделник, 23 декември 2024

Започна градежната сезона во Општина Чашка

Започна градежната сезона во Општина Чашка

Велес, 26 февруари 2023 (МИА) - Со поддршка на Бирото за регионален развој, со вредност од околу два милиони денари, вчера започна асфалтирањето на локален пат и улица во село Голозинци, информира градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.

Тој најави дека наскоро, согласно временските услови, започнува реализција на следните проекти: уредување со атмосферска канализација, асфалтирање и поплчочување на тротоари на локалните улици „Ацо Шопов“ и „Коста Кирков“ во населба Чашка; уредување со атмосферска канализација и поплочување со бехатон плочки на главната улица во Мелница; асфалтирање на обиколница и главна улица со два краци во Горно Јаболчиште; асфалтирање на регионалниот пат од клучка Стари Град до после мостот во село Извор, како и изградба на фитнес зона во дворот на спортската сала во населба Чашка.

- Локалната самоуправа оваа година интензивно ќе продолжи со градежната офанзива со цел подобрување на патната, комуналната и останатата инфраструктура на месното население во општина Чашка, потенцира Стојановски. ад/мс/

 

Остани поврзан