• петок, 10 мај 2024

Запленети 21 524 пиротехнички средства на Бит-пазар, приведено едно лице

Запленети 21 524 пиротехнички средства на Бит-пазар, приведено едно лице

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска на Бит-пазар го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина разновидни пиротехнички средства.

Како што соопшти МВР, пронајдени и одземени се 21 524 пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок. мд/дма/

Фото: МВР 

 

 

Остани поврзан