• четврток, 09 мај 2024

Запленета марихуана во Кочани

Запленета марихуана во Кочани

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица – Кочани вчера попладне го привеле 36-годишниот кочанчанец И.Р. во чиј дом е пронајдена марихуана.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. 

- По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава во соопштението. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан