• среда, 11 февруари 2026

Запалено американското знаме на протест во Цирих против доаѓањето на Трамп во Швајцарија

Запалено американското знаме на протест во Цирих против доаѓањето на Трамп во Швајцарија

Цирих, 21 јануари 2026 (МИА) - Илјадници луѓе протестираа во центарот на Цирих против американскиот претседател Доналд Трамп и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, обвинувајќи ги швајцарските власти дека даваат легитимитет на „авторитарна и плутократска политика“.

Група демонстранти се движеа низ централните градски улици со слоганот „Трамп не е добредојден!“ и го запалија американското знаме.

За време на протестот имаше мали судири меѓу полицијата и демонстрантите, јавува Свис инфо (Swiss info).

Полицијата, со опрема за сузбивање демонстрации, употреби водни топови и солзавец, додека медиумите објавија дека демонстрантите користеле и пиротехника и огномет.

За време на протестот, тројца полицајци се полесно повредени, додека едно лице е уапсено, објави градската полиција за Свис инфо.

Слични демонстрации се одржаа и на други места низ Швајцарија, вклучувајќи го и Берн.сд/ссм/

Фото:Х

Остани поврзан