• понеделник, 23 декември 2024

Занаетчиската комора од утре во Скопје организира „Љубовен базар“

Занаетчиската комора од утре во Скопје организира „Љубовен базар“

Куманово, 8 февруари 2024 (МИА) - Занаетчиската комора на Северна Македонија од утре до 14 февруари организира „Љубовниот базар“, каде граѓаните ќе можат да ги разгледаат ракотворбите на триесетина занаетчии. „Љубовниот базар“ ќе се одржи во „Капитол Мол“ во Скопје со почеток во 10 часот.

од Комората информираат дека целта на „Љубовниот базар“ е да се подигне свеста за вредноста на рачните изработки и да се афирмираат занаетчиите во месецот посветен на љубовта.

-Целта на базарот е да се промовираат занаетчиите и ракотворците и занаетчиската комора да им овозможи д аги презентираат производите на ваков настан. Граѓаните ќе имаат можност да разгледаат и да укажуваат во ракотворбите на нашите занаетчии триесетина пријавени. Преку вакви манифестации ЗКРСМ ги поддржува занаетчиите и ќе продолжи во оваа насока со поддршка и организација на саеми, работилници во повеќе градови низ државата и ќе се обидеме да ги промовираме занаетчиите кои се столбот на нашата економија, изјави Јелена Спасова, извршен директор на републичката занаетчиската комора.ам/фф/

Фото: МИА архива и ЗКРСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан