• недела, 22 декември 2024

Заменик-министерката Трајков се сретна со Мојсоска Блажевски од „Македонија 2025“

Заменик-министерката Трајков се сретна со Мојсоска Блажевски од „Македонија 2025“

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ Викторија Трајков денеска оствари средба со Никица Мојсоска - Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“, непрофитна организација со фокус на економскиот развој. 

Како што информира Министерството за европски прашања, на средбата се дискутирало за зајакнување на економскиот раст, промовирање на иновацииТЕ и конкурентностА преку партнерства меѓу Владата, приватниот сектор и академската заедница.

Заменик-министерката Трајков ја истакнала важноста на ваквите иницијативи, нагласувајќи дека нивниот придонес е од огромно значење во контекст на европските интеграции. 

- Во време кога нашата земја ги спроведува најзначајните реформи, организациите како „Македонија 2025“ играат витална улога во поттикнување на економскиот раст, како и во поддршката на младите таленти за да останат и да придонесуваат дома, истакнала Трајков.

На средбата се дискутирало и за потенцијалот на програмите што ги нуди „Македонија 2025“ и нивната улога во изградбата на подобра деловна клима и привлекување странски инвестиции и поттикнување на претприемништвото. Мојсовска-Блажевски истакнала дека организацијата е подготвена да го сподели своето искуство и експертиза за да ги поддржи реформските процеси и економските приоритети на земјата.

- Средбата заврши со заедничка заложба за продолжување на соработката меѓу институциите и „Македонија 2025“, преку која ќе се поттикнува економскиот напредок на земјава, стои во соопштението од Министерството за европски прашања. мд/бак/

Фото: Министерство за европски прашања

 

 

Остани поврзан