• среда, 06 ноември 2024

Заменик-министерката Трајков на 6. Форум за млади од Западен Балкан во Берлин

Заменик-министерката Трајков на 6. Форум за млади од Западен Балкан во Берлин

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков во Берлин учествуваше на 6-тиот Форум за млади од Западен Балкан во рамките на Самитот 2024 кој е дел од Берлинскиот процес.

Таа пред присутните зборувала за приоритетите и политиките за млади кои се дел од програмата на македонската Влада и отворените можности за младите посебно во делот на едукација на формално и неформално образование при членството во Европската Унија за нашата земја.

На покана на RYCO, најголемата организација за младински политики, Трајков зборувала на панелот посветен на европските проекти наменети за младите од Западен Балкан, за искористеноста на програмите за размена како и важноста од пристапните фондови во делот на младинските политики.

-Последните бројки велат дека 32.000 студенти биле дел само од Еразмус+ програмата на ЕУ, што за нас е од особено значење бидејќи стекнале знаење и искуство надвор, а го споделиле меѓу своите во својата земја, рекла  Трајков.

На панелот, како што информираат од Министерството за европски прашања, учествувале и Ниелс Фон Редекер, рaководител на единицата за Западен Балкан на GFFO, Тобијас Бутов, генерален секретар на OFAJ и Клои Каучи, претседателка на Бордот на Европдкиот Форум за млади.

Плановите и програмата на новата македонска Влада, велат од Министерството, се целосно посветени на задржување на младите во државата. За тоа да се оствари, нагласуваат, потребни ни се реформи и интеграција во Европската Унија. сст/дма/

фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан