• среда, 26 јуни 2024

„ЗаЖени“ - проект за зајакнување на меѓународната соработка на жените во руралните средини

„ЗаЖени“ - проект за зајакнување на меѓународната соработка на жените во руралните средини
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Здружението на бизнис жени од Северна Македонија е дел од Балканскиот проект „ЗаЖени„ чиј носител е Хрватска асоцијација за туризам и рурален развој. Хрватската асоцијација спроведува проект насловен „Жените - поврзани со знаење и искуство“, кој е кофинансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Во проектот учествуваат жените од руралните средини од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Проектот има за цел да ја зајакне меѓународната соработка на жените во руралните средини од Југоисточна Европа. -Ќе опфати 200 членки на целната група, жени кои живеат и работат во рурални средини, преку обука, менторство и формирање на мрежа на рурални жени како систем за поддршка на претприемачки иницијативи за (само) вработување, велат од Здружението на деловни жени од Северна Македонија коишто се партнери на проектот. Покрај Здружението, партнери се и ГТФ-Иницијатива за одржлив раст (Хрватска), Институтот за регионален развој и здружение на деловни жени во БиХ (Босна и Херцеговина), Академија за женско претприемништво, Развој на рурална иницијатива и Кластер за занаети за ревитализација на старите занаети во Србија (Србија). Проектот е во времетраење од 12 месеци, а ќе бидат организирани активности во две насоки, преку состаноци, работилници, размена на искуства и други активности ќе се работи на зајакнување на капацитетите на ГО и на вмрежување и меѓусебна консултација со цел дополнително поттикнување на меѓународната развојна соработка. - Дополнително, руралните жени во земјите од Југоисточна Европа ќе бидат охрабрени на полето на образованието, учењето, вработувањето и претприемништвото, што на крајот ќе придонесе за ревитализација на руралните области, додаваат од Здружението. ки/дма/    

Остани поврзан