Заедничката изјава на Јоурова и Рејндерс по повод Денот на заштита на податоците
- Во меѓусебно поврзаниот дигитален свет, заштитата на правата на Европејците не се врши само во рамките на ЕУ, туку и надвор од неа, особено кога станува збор за обезбедувањето на заштитата на податоците, која е клучна цел на мандатот на актуелните институции на ЕУ, наведуваат во заедничката изјава потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера Јоурова и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс по повод Денот на заштита на податоците - 28 јануари.
Брисел, 28 јануари 2024 (МИА) - Во меѓусебно поврзаниот дигитален свет, заштитата на правата на Европејците не се врши само во рамките на ЕУ, туку и надвор од неа, особено кога станува збор за обезбедувањето на заштитата на податоците, која е клучна цел на мандатот на актуелните институции на ЕУ, наведуваат во заедничката изјава потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност, Вера Јоурова и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс по повод Денот на заштита на податоците - 28 јануари.
- Оваа година Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) ќе ја прослави својата шеста годишнина како водечки закон на ЕУ за заштита на податоците и глобален репер за регулативите за приватност. Таа испорачува за граѓаните и бизнисите. Напорите да се обезбеди нејзина целосна имплементација и стриктно спроведување останува наш главен приоритет, наведуваат Јоурова и Рејндерс.
Тие во изјавата потсетуваат дека лани во јули ЕК претстави нови правила за подобрување на соработката на националните органи за заштита на податоците во прекугранични случаи, што е особено важно за да се обезбеди усогласеност на големите технолошки мултинационални компании.
- Неодамна се случија важни настани во оваа област, како што е усвојувањето на Рамката за приватност на податоците ЕУ-САД, зајакнување на 11-те одлуки за адекватност за што објавивме детален извештај претходно овој месец и напредокот постигнат во преговорите со Бразил. Ние дополнително ќе го засилиме нашиот ангажман со меѓународните партнери за уште повеќе да ја развиваме оваа мрежа, наведуваат Јоурова и Рејндерс, најавувајќи дека оваа година ЕК ќе го објави и вториот извештај за примената на ГДПР.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Денот на заштита на податоците - 28 јануари е прогласен од страна на Советот на Европа и се одбележува од 2006 година. сп/ац/
Фото: МИА Архива