Заев-Курти: Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион
- Со години наназад нашите држави развиваат одлични билатерални односи и успешна соработка водена од принципите на меѓусебна поддршка и почитување. Секое унапредување на односите меѓу соседите,
Косовскиот премиер Албин Курти, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово.
-Република Северна Македонија оваа година слави 30 години независност, Косово 13 години независност и ова е првиот состанок меѓу нашите влади за да се интензивираат и прошири соработката на повеќе полиња, рече Курти упатувајќи искрено сочуство за лицата кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.
Тој додаде дека потпишале 11 нови договори, меѓу кои, како што рече, се во однос на туризмот, соработка на полето на претприемништво, економија, безбедност, транспорт, меѓугранична соработка, поврзување на Попова - Шапка со Брезовица итн.
- Пред состанокот заедно со премиерот имавме еден заеднички службен и пријателски состанок. Без оглед на се, ние ги покривме темите на потребите на нашите граѓани и да имаме некаква база што ќе се заснова на најдобрите европски практики, рече Курти. аа/мс/