• четврток, 04 декември 2025

Заврши санацијата на подлогата во Соколанскиот парк во Куманово

Заврши санацијата на подлогата во Соколанскиот парк во Куманово

Куманово, 6 мај 2025 (МИА) - Заврши санацијата на подлогата во Соколанскиот парк во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општината Максим Димитриевски.

Паркот беше затворен за јавноста додека траеше санацијата на подлогата поставена пред неколку години. Од секторот за комунални дејности информираа дека санацијата ја спроведува фирмата изведувач која ја прифатила рекламацијата од Општина Куманово. 

Соколанскиот парк, еден од неколкуте зелени површини во изминатиот период претрпе значителна реконструкција во повеќе фази. Во 2023 година Општина Куманово одвои околу 15 милиони денари за уредување на просторот, која вклучи замена на подлогата, поставување на нова урбана опрема, фонтани, детски катчиња, реквизити за рекреација и паркинг простор. Во близина на паркот е и спортскиот објект Соколана, кој етапно се реконструира.

Соколански парк зафаќа површина од околу 7. 000 метри квадратни. ам/мд/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан