• четврток, 26 март 2026

Заврши руско-американската средба во Истанбул

Заврши руско-американската средба во Истанбул

Истанбул, 27 февруари 2025 (МИА) - Во Истанбул денеска завршија разговорите меѓу руски и американски дипломати за работата на дипломатските претставништва на двете земји. Средбата во турската метропола траеше речиси шест и пол часа, јавија руските медиуми.

Руската делегација ја напушти резиденцијата на американскиот генерален конзу попладнево, без коментар за медиумите.

Оваа средба зад затворени врати се одржа во екот на забрзаното зближување меѓу Москва и Вашингтон, со наведена цел обновување на билатералните односи и решавање на конфликтот во Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан