• понеделник, 23 декември 2024

Заврши реконструкција на фасадата на кумановското основно училиште „11 Октомври“

Заврши реконструкција на фасадата на кумановското основно училиште „11 Октомври“
Куманово, 8 април 2023 (МИА) - Заврши проектот за реконструкција на фасада на кумановското училиште „11 Октомври“, информираа денеска надлежните. Реконструкцијата се спроведуваше со поддршка на Министерството за образование и наука.

- Ова е прва реконструкција на фасадата од изградбата на училиште од 1964-та година. Очекуваме значително подобри услови за изведување на наставата, заштеда на енергија, изјави директорката на училиштето, Елизабета Костиќ.

Претходно, со средства на Владата во училиштето беа сменети подовите, тоалетите, прозорците, во рамки на  темелната реконструкцијата на училиштето која опфаќаше и целосно менување на санитаријата, холовите и покривот.

- Очекуваме да започне и трета фаза која опфаќа реконструкција, на спортска сала. Санацијата е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“ од МОН, изјави Костиќ.
 
„11 Октомври“ располага со две подрачни училишта во селата Долно Којнаре и Речица каде што заврши реконструкција на покрив. Надлежните од училиштето аплицирале за проект за целосна реконструкција на подрачното во Долно Којнаре.

- И таму очекуваме позитивен одговор, изјави Костиќ.

Целосната реконструкција ова училиште кое е едно од најстарите во Куманово се спроведува од почетокот на постоењето на училиштето од 1964-та година. Во „11 Октомври“ настава следат над 430 ученика. Од оваа учебна година во училиштето во соработка со детската градинка „Ангел Шајче“ има две групи на ученици во дневен престој. ам/аа/
 
Фото: ООУ „11 Октомври“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан