• петок, 27 декември 2024

Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано

Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Претениците во рамки на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа. Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Татјана Васиќ Бозаџиева. - Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза. см/бак/    

Остани поврзан