• понеделник, 23 декември 2024

Заврши расправата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година

Заврши расправата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година

Скопје, 15 март 2023 (МИА) – Собранието во рамките од попладневниот дел од работата по дневниот ред на 71-та седница ја заврши расправата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година. По завршувањето на расправата потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и најави дека пратениците ќе бидат дополнително информирани кога ќе биде гласањето.

Најчесто говореа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои го оценија Извештајот како несериозен документ, а за претседателката на Судскиот совет Весна Дамева посочија дека е избрана на нелегален начин и оти самата ја победила единствената противкандидатка при изборот - Весна Дамева. Ја обвинија и за непотизам и за злоупотреба на службената положба, бидејќи за генерален секретар на Советот ја поставила сопругата на возачот на нејзиниот сопруг.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Извештајот е несериозен, фингиран и лажен.

-Живееме во држава во која граѓаните не веруваат дека може да дојдат до правда, посочи Лефков.

Сите податоци што се поврзани со Судскиот совет, како што кажа, имаат огромно потфрлување со исклучок на делот за плати кој има реализација од над 90 отсто. Токму затоа поддршката што ја добива од народот му е само три отсто.

Дамева во реплика рече дека наместо да се расправа за Извештајот, денеска сите пратеници од опозицијата се однесуваат како точка на дневен ред да е избор на претседател на Судски совет.

Пратениците од опозицијата, пак, и порачаа дека и понатаму се однесува како да е во Комисијата за правда на СДСМ  и дека ќе сметаат оти сериозно и чесно се зафатила со работата - претседател на Судски совет само ако се заложи да има експресна судска разрешница за случаите Ласкарци, Беса транс и Модуларна болница Тетово во кои имаше бројни човечки жртви. Побараа  самата да си поднесе оставка и да се спроведе нова постапка за избор на претседател на Судски совет. вј/дма/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан