Заврши проектот за намалување на загуба на вода со 2.000 водомери на кавадаречка територија
- Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираа дека проектот за намалување на загуба на вода со 2000 водомери обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, е завршен.
Кавадарци, 12 јануари 2026 (МИА) - Заврши проектот за намалување на загуба на вода со 2.000 водомери на кавадаречката територија.
Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираа дека проектот за намалување на загуба на вода со 2000 водомери обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, е завршен.
- Монтажата на водомерите се спроведуваше согласно претходно изработена теренска анализа и стратегија, изготвена од Јавното претпријатие „Комуналец“ - Кавадарци. Целта е прецизно и правилно поставување на уредите во реоните каде што е тоа најнеопходно. Со оваа активност, Општина Кавадарци прави значаен чекор кон унапредување на водоводниот систем и поефикасно управување со водните ресурси, во интерес на граѓаните и заштитата на животната средина, потенцираа од кабинетот на градоначалникот. свд/са/
Фото: МИА