• недела, 22 декември 2024

Заврши првото издание на вело-настанот „Вевчанска Локва- голина"

Заврши првото издание на вело-настанот „Вевчанска Локва- голина

Струга, 8 јули 2024 (МИА) - Oколу 130 велосипедисти од цела Македонија учествуваа на првото издание на вело-настанот „Вевчанска Локва- голина" на планината Јабланица, организиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга и Еко свест-Вевчани. 

Како што информираат денеска организаторите, и на овој настан се докажало дека жените се побројни корисници на велосипеди во споредба со мажите.

-Бајкери имаше од повеќе здруженија од цела држава, но и голем број поединци. Се надеваме дека по ова прво издание, „Вевчанска Локва- голина" како настан ќе прерасне во традиција. Отсекогаш жените биле поголеми корисници на велосипед во споредба со мажите, па и на овој настан учествуваа голем број жени кои успешно искачија голема елевација, до Вевчанска Локва, информираат oд тимот на Рупикапра МТБ Струга. 

Целта на настанот, додаваат, била промоција на планинскиот велосипедизам и потенцијалот за еко туризам кој го нуди планината Јабланица, а учесниците уживаале во природните богатства и знаменитостите на планината и споменикот на природата Вевчански извори. сс/сст/

фото Рупикапра МТБ Струга и Еко свест-Вевчани

Остани поврзан