Заврши првиот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ низ Струмичкиот регион
- Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ Струмичкиот регион, а магаренцето, заштитниот знак на киното, посети пет села во струмичко каде се одржаа исто толку проекц

Струмица, 26 јули 2022 (МИА) - Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ Струмичкиот регион, а магаренцето, заштитниот знак на киното, посети пет села во струмичко каде се одржаа исто толку проекции на филмови.
Како што информираа од „МакеДокс“, за време на Патувачкото кино успешно се одржала и првата сесија со новата генерација на млади документаристи-„Докуникулци“.
Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе продолжи во септември во Преспанскиот регион, а Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.
Патувачкото кино на „МакеДокс 2022“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово. рт/мс/