Завршија преговорите Русија - Украина (ДПЛ)
- Втората рунда директни преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул заврши за нешто повеќе од еден час
Анкара, 2 јуни 2025 (МИА) – Втората рунда директни преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул заврши за нешто повеќе од еден час.
Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека за време на средбата на руската делегација и е предаден список со имињата на киднапираните украински деца, кои треба да бидат вратени во татковината.
По завршувањето на средбата се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој наведе дека се подготвува нова размена на воени заробеници.
претходно, руските медиуми јавија дека на средбата се разговарало на руски јазик. ми/
фото: ДПА