• среда, 25 март 2026

Завршените средношколци од Центар Жупа  и годинава државната матура ќе ја полагаат во дебарската гимназија

Завршените средношколци од Центар Жупа  и годинава државната матура ќе ја полагаат во дебарската гимназија

Дебар, 28 мај 2025 (МИА) - Завршените средношколци од гимназијата „АТА“ од Центар Жупа, државната матура и годинава ќе ја полагаат во дебарската гимназија „28 ноември“, поради фактот дека оваа образовна институција не располага со соодветен простор.

- Како и минатата, така и оваа година, врз основа на одлуката на Државниот испитен центар (ДИЦ), добиена вчера, нашите ученици, матурскиот испит ќе го полагаат во гимназијата во Дебар. Станува збор за 20 ученици, од нив  тројца ученици се на македонски наставен јазик, од нив еден е пријавен за државна и двајца за училишна матура. На турски наставен јазик се 17 од кои 15 се пријавени за полагање државна, додека двајца за училишна матура, изјави за МИА, Сабри Асан, директор на гимназијата „АТА“.

Според Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија, 20-те матуранти од Центар Жупа, ќе полагаат заедно со 135 -те дебарски матуранти, 38 на македонски и 97 на албански наставен јазик, и тоа во спортската сала, која се наоѓа во кругот на гимназијата.

Тој нагласи дека оваа сабота, 31 мај,  тие  ќе го полагаат првиот, од двата екстерни испита од државната матура, кој е задолжителен,  мајчин јазик и литература, што подразбира македонски, албански или турски јазик и литература, додека вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 11 јуни. вт/цр
Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан