ЖФК Каменица САСА во одбрана на титулата од Купот против ЖФК Љуботен
- На стадионот во Ѓорче Петров утре од 16 часот ќе се одигра финалето на женскиот фудбалски Куп на Македонија помеѓу ЖФК Каменица САСА и ЖФК Љуботен.

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - На стадионот во Ѓорче Петров утре од 16 часот ќе се одигра финалето на женскиот фудбалски Куп на Македонија помеѓу ЖФК Каменица САСА и ЖФК Љуботен.
САСА е актуелен бранител на титулата, додека, за Љуботен ова е прво финале во ова натпреварување.
Правдата на натпреварот ќе ја дели судијката Ирена Велевачковска со асистентите Елена Соклеска Илиевски и Тамара Цветановиќ. Четврт судија на натпреварот е Марија Конеска. зс/
Фото: ФФМ