• среда, 15 мај 2024

Жиру: Сакам да останам во Милан, се надевам дека ќе се договориме

Жиру: Сакам да останам во Милан, се надевам дека ќе се договориме

Милано, 25 февруари 2023 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот.

- Сакам да останам во Милан. Се надевам дека ќе се согласиме за нов договор. Преговараме за нова соработка и чувствувам дека тие ќе завршат успешно, изјави Жиру во интервју за „DAZN“.

Жиру е во Милан од јули 2021 година. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 11 гола и направи шест асистенции на 30 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на 36-годишниот Французин е со важност до крајот на јуни 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан