• среда, 15 мај 2024

Жиру разочаран за пропуштената победа над Наполи

Жиру разочаран за пропуштената победа над Наполи

Неапол, 30 октомври 2023 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру е вознемирен од резултатот на тимот во 10. коло од Серија А со Наполи (2:2). На оваа средба одиграна синоќа во Неапол, Французинот постигна два гола.

- Ние сме потресени и разочарани. Сè беше во наши раце. Во првото полувреме можевме да постигнеме четири гола. Беше јасно дека паузата меѓу двете полувремиња ќе им помогне, но сепак бевме должни да освоиме три бода. Кога се борите за титула, не можете така лесно да се откажете од бодови, изјави Жиру за „pianetamilan.it“.

По овој натпревар Милан е третопласиран во Серија А  со 22 бода, Наполи е на четвртото место во поредокот со 18 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан