• среда, 15 мај 2024

Жиру: Евро 2024 би можел да биде мој последен турнир за француската репрезентација

Жиру: Евро 2024 би можел да биде мој последен турнир за француската репрезентација

Париз, 5 декември 2023 (МИА) - Францускиот фудбалер Оливие Жиру призна дека Евро 2024 може да биде неговиот последен турнир за националниот тим. 

- Не правам никакви планови освен краткорочни. Најважно е да бидеме фит и конкурентни, целта е претстојното Европско првенство. За малку ќе го освоивме Еврото во 2016 година и тоа е трофејот што би сакал да го освојам со Франција. Ова можеби е мојот последен турнир, но не можам да ви кажам што ќе се случи потоа, изјави Жиру за „TeleFoot“. 

Триесет и седумгодишниот фудбалер за француската репрезентација настапува од 2011 година. За тимот одигра 128 натпревари и постигна 56 голови. 

Франција на Европското првенство 2024 година ќе игра во Д-групата со Австрија, Холандија, и бараж А победик. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан