• недела, 09 март 2025

ЕХФ недела: Македонија повторно поразена од Србија

ЕХФ недела: Македонија повторно поразена од Србија

Бор, 8 март 2025 (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија и во вториот пријателски натпревар против Србија доживеа пораз.

Нашите ракометарки овој пат беа поразени со 28-35 на мечот во Бор, кој е дел од ЕХФ неделата. Првиот контролен дуел Србинките го добија со 21-34.

Јанјушевиќ беше најдобра кај победникот со десет гола, додека кај Македонија, Гакидова, Ризоска и Дамјаноска дадоа по пет гола.

Овие два меча се дел од подготовките за бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Холандија и Германија против селекцијата на Полска на 16 и 19 април. дс

Фото: Архива

Остани поврзан