• вторник, 05 ноември 2024

ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите

ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите

Брисел, 6 октомври 2023 (МИА) - Трката за трошење на средствата на Европската унија пред истекот на рокот покажува дека има зголемување на бројот на земји кои неправилно трошеле пари, објави финансискиот надзорен одбор на ЕУ.

Истрагите за 196 милијарди евра исплатени средства од буџетот на ЕУ во 2022 година откриле дека имало неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе од три отсто една година порано, се вели во извештајот на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

Земјите можат да бараат исплати според претходниот буџетски циклус до крајот на оваа година, додека парите од фондот за закрепнување по пандемијата мора да се потрошат до 2026 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан