• четврток, 25 април 2024

ЕУ со новите санкции против Иран опфати и имам, свештеник и судии

ЕУ со новите санкции против Иран опфати и имам, свештеник и судии

Брисел, 20 март 2023 (МИА) – Европската унија со новите санкции против Иран опфати имам, свештеник и тројца судии во земјата обвинувајќи ги за кршење на човековите права.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, пред да се постигне договор за санкциите рече дека најновите санкции покажуваат дека ЕУ „не ги затвора очите“ пред злоупотребата на човековите права во Иран и ја пофали храброста на демонстрантите.

На вкупно осум поединци им е забрането патување во ЕУ и им е замрзнат имотот во Унијата поради нивната поддршка за кршење на човековите права.

Против Врховниот совет на културната револуција, тело за политика, исто така се воведени санкции поради „поставување граници“ во облекувањето и образованието на жените.

ЕУ од октомври воведе санкции против 204 поединци и 34 организации поради нивната улога во задушувањето на антивладините демонстрации. јт/

Остани поврзан