• понеделник, 13 мај 2024

ЕУ и Тунис поттпишаа Меморандум за разбирање, меѓу приоритети и илегалната миграција

ЕУ и Тунис поттпишаа Меморандум за разбирање, меѓу приоритети и илегалната миграција

Брисел, 17 јули 2023 (МИА) - Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и државниот секретар на туниското Министерство за надворешни работи, миграција и дијаспора, Мунир Бен Раџиба потпишаа  Меморандумот за разбирање, кој претставува политички договор за сеопфатен пакет на партнерство меѓу Европска унија и Тунис. 

На церемонијата на потпишувањето на Меморандумот, што се одржа синоќа во Тунис, присуствуваа тунискиот претседател Каис Саид, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерите на Италија и Холандија, Џорџија Мелони и Марк Руте.

Како што соопшти Европската комисија, Меморандумот отвора ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Тунис и ќе се спроведува преку различни насоки на соработка.

Меморандумот за разбирање се базира на пет столба на соработка и тоа обебзедување макроекономска стабилност, зголемување на трговијата и инвестициите, транзиција кон зелена енергија, зајакнување на контактите меѓу луѓето и борба против илегалната миграција. 

Зајакнатиот политички и политички дијалог во рамките на Советот за асоцијација ЕУ-Тунис пред крајот на годината ќе понуди важна можност за повторно заживување на политичките и институционалните врски, со цел заедничко справување со заедничките меѓународни предизвици и зачувување на поредокот заснован на правила, се додава во соопштението.

Како што претходно најави Фон дер Лајен, ЕУ е „подготвена да го поддржи Тунис со мобилизирање на макрофинансиска помош, веднаш штом ќе се исполнат потребните услови“, без да даде повеќе детали. 

Фон дер Лајен минатиот месец информира дека Европската Комисијата размислува за макрофинансиска помош за Тунис до 900 милиони евра плус „до 150 милиони евра директна буџетска поддршка“.

Тунис, заедно со Либија, Алжир и Мароко, е една од почетните точки на илегалната рута за транспорт на мигранти кон ЕУ преку Средоземното Море. сп/са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан