• вторник, 14 мај 2024

ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини

ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини
Брисел, 31 декември 2020 (МИА) - Европска Унија денеска изрази жалење поради најавата на САД да вовдат дополнителна царина за француските и германските производи, како дел од спорот поврзан со авиопроизводителите Ербас и Боинг. Брисел истакна дека Вашингтон еднострано ги прекршил тековните преговори и најави дека ќе бара решение со администрацијата на Џо Бајден. ЕУ наведе дека ја контактира новата администрација на САД што е можно побрзо за да ги продолжи овие преговори и да најде трајно решение за спорот. САД најавија дека ќе воведат дополнителни царини за француските и германските производи како дел од долготрајниот спор околу субвенциите за производителите на авиони Ербас и Боинг. ми/

Тагови

Остани поврзан