ЕУ е „длабоко вознемирена“ од извештаите за севернокорејски војници во Русија
- Европската унија е „длабоко вознемирена“ од извештаите дека Северна Кореја испраќа војници да се борат во руската инвазија врз Украина, изјави највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел, пренесе ДПА.

Брисел, 24 октомври 2024 (МИА) – Европската унија е „длабоко вознемирена“ од извештаите дека Северна Кореја испраќа војници да се борат во руската инвазија врз Украина, изјави највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел, пренесе ДПА.
- Тоа би бил унилатерален непријателски чин на КНДР со сериозни последици за европскиот и глобалниот мир и безбедност, се вели во изјавата што ја објави Борел во име на 27-те земји-членки на ЕУ.
- Овој развој, исто така, уште еднаш илустрира како Русија шири нестабилност и ескалација во регионот и низ целиот свет, нагласи Борел.
Продлабочената воена соработка на Русија со Северна Кореја испраќа порака дека „и покрај нејзината наведена подготвеност да преговара“, Русија не е заинтересирана за мир, рече Борел.
- Напротив, Русија ескалира и очајно бара каква било помош за својата војна, додаде тој. јт/