• среда, 15 мај 2024

ЕУ бара од властите во Јужен Судан да спроведат истрага за убивањето цивили

ЕУ бара од властите во Јужен Судан да спроведат истрага за убивањето цивили

Брисел, 22 септември 2022 (МИА) – Европската унија се осврна на извештајот на мисијата на Обединетите Нации за насилството во Јужен Судан и побара итна и ефикасна истрага за насилството и убиствата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот на заедничките тимови на Мисијата на ОН за Јужен Судан и Канцеларијата за човекови права се однесува на нападите врз цивили во јужната држава во Јужен Судан позната како “Unity State„.

Европската унија изрази длабока загриженост за непрекинатото насилство, вклучително и во овој дел на Јужен Суден и постојаното убивање на хуманитарните работници во земјата.

Според извештајот, во периодот меѓу февруари и мај оваа година се случиле систематски напади врз цивили, убиства, сексуално злоставување и употреба на силувањето како воено оружје. Се проценува дека се убиени над 170 цивили, а 44 илјади лица се раселени. ЕУ вели дека извештајот ги означува одговорните за насилството и потенцира дека не смее да останат неказнети.

-Ги повикуваме властите да спроведат независни и непристрасни истраги за сите наводи за нарушување на човековите права, злоставувања и прекршувања на меѓународното хуманитарно право, бара Европската унија. тм/паг/

Остани поврзан