• среда, 17 декември 2025

Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах ги обвинуваат азербејџанските сили за кршење на примирјето, Баку негира

Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах ги обвинуваат азербејџанските сили за кршење на примирјето, Баку негира

Ереван, 21 септември 2023 (МИА) - Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјавија дека азербејџанските сили го прекршиле примирјето, тврдења кои Министерството за одбрана на Азербејџан веднаш ги демантираше.

Претставници на Ерменците од Нагорно-Карабах изјавија дека се слушнале истрели во центарот на главниот град во регионот.

Азербејџан денеска започна разговори со претставници на Ерменците од Нагорно-Карабах, откако нивните сили беа принудени да се предадат и да потпишат примирје, што предизвика протести и повици за оставка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Азербејџан ги отфрли информациите за напредување на азербејџанската армија до главниот град Нагорно-Карабах, кој Ерменците го нарекуваат Степанакерт, а Азербејџанците Ханкенди.

„Информациите објавени од неколку ерменски профили на социјалните мрежи дека вооружените сили на Азербејџан наводно тргнале во офанзива во правец на Ханкенди не соодветствуваат со вистината и се дезинформации. Ние категорично ја побиваме оваа информација“, се вели во соопштението од азербејџанското Министерство за одбрана. ссм/

фото: архива

Остани поврзан