• петок, 22 ноември 2024

Естонскиот министер за клима избран да ја замени Калас на премиерската функција

Естонскиот министер за клима избран да ја замени Калас на премиерската функција

Рига, 30 јуни 2024 (МИА) - Партијата на реформите на естонската премиерка Каја Калас соопшти дека го номинирала министерот за клима Кристен Михал за нејзин наследник на премиерската функција, доколку таа биде назначена за шефица на дипломатијата на Европската Унија, пренесе ДПА.

Извршниот комитет на партијата едногласно го поддржа предлогот. Михал им заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе ги исполнува своите обврски достоинствено. Тој нагласи дека негов приоритет ќе биде националната безбедност на Естонија.

Владата на Калас е верен поддржувач на Украина во борбата против руската инвазија и поддржува тврд став кон Москва. Претходно оваа година, нејзиното име беше додадено од руското Министерство за внатрешни работи на списокот со лица кои се бараат поради криминални обвиненија.

Во четвртокот, Калас беше избрана за следен шеф на европската дипломатија од Европскиот совет во Брисел. Потврдувањето на нејзиното назначување зависи од гласањето во новиот Европски парламент.

Калас, која е првата жена премиер на Естонија, планира да ја претставува својата земја на сСмитот на НАТО во Вашингтон, кој ќе се одржи од 9 до 11 јули, забележува ДПА. ссм/

фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан