• четврток, 26 март 2026

Израелската армија отвори истрага за убиството на 15 хуманитарни работници во Газа

Израелската армија отвори истрага за убиството на 15 хуманитарни работници во Газа

Тел Авив, 3 април 2025 (МИА) - Израелската армија отвори истрага за убиството на најмалку 15 хуманитарни работници во Појасот Газа, изјави денеска армиски портпарол.

Тој, исто така, ја отфрли употребата на зборот „погубување“ за да ги окарактеризира убиствата што се случија кон крајот на март.

Портпаролот додаде дека Јужната команда на ИДФ ја префрлила истрагата на механизмот на генералштабот надвор од командниот синџир за да се утврди што се случило и „да ги повика луѓето на одговорност доколку е потребно“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан