• недела, 24 ноември 2024

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија.

Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска.

Препорачуваат навремено да се извршат проверки и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.

- На тој начин придонесуваат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено. Исто така, важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), се вели во соопштението од ЕСМ.

Навременото и квалитетно снабдување со топлинска енергија, се посочува, е од витално значење за комфорот на нашите корисници.

- Затоа, апелираме да ги следат препораките и да соработуваат со службените лица за да се обезбеди непречено функционирање на системот за централно греење, соопштија од ЕСМ.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 
 
 За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405

Центар за грижа на корисници (понеделник-петок, 07.00 - 19.00): 02 3104 816

Рекламации за квалитет на греење (понеделник-петок, 07.00 - 19.00): 02 3104 872  цр/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан