• недела, 22 декември 2024

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата, односно исти се условите за сите потрошувачи кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции), соопшти ЕСМ.

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ се одвива во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Како што наведува компанијата, овие подзаконски акти ја регулираат оваа проблематика и ги дефинираат условите и начинот на испорака на толинската енергија до крајните потрошувачи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи е поврзано со висината на надворешната темература во различни периоди од грејната сезона во различни периоди од денот.

-Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона и истата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица, истакнува ЕСМ.

Според компанијата, од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите.

-Потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, повикува ЕСМ. мч/дма/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан