• петок, 27 декември 2024

Ескобар: Мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ  

Ескобар: Мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ  

Вашингтон, 28 февруари 2023 (МИА) - САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ. 

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе подржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно“. 

-Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар. 

Рече дека двете земји, Северна Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи. 

Ескобар вчера учествуваше на средбата  на високо ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. На средбата учествуваше и Џозеф Борел, висок преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност. 

САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово модериран од ЕУ, иако Вашингтон не е вклучен во процесот на нормализација на односите меѓу двете страни, изјави Ескобар. 

-Ние потполно и силно го подржуваме процесот, но не сме дел од него. Тоа е процес модериран од ЕУ и треба да биде модериран од ЕУ, но целосно го подржуваме, како политички така и финансиски, преку изградба на капацитети и други начини. 

Ескобар потврди дека на средбата вчера, владите на Србија и Косово се договориле да се оди напред со предлогот на ЕУ за нормализација меѓу двете земји, кој опфаќа и признавање и регистрација на заедница на српски општини во Косово. 

-Европскиот предлог не е за заемно признавање меѓу двете земји, туку за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ескобар. 

На прашање во врска со војната во Украина и колку таа криза влијае во ЕУ и на Западен Балкан, тој рече дека кризата во Украина е закана по европската безбедност. 

-Кризата ги фокусира сите кон заканите по европската стабилност, внатрешни и надворешни, и кон проширување на трансатлантската безбедност... Србија потврди дека нивното конечна цел е да бидат дел од ЕУ, и мислам дека кризата влијае луѓето да се фокусираат да работи кон тоа ова да стане реалност, изјави Ескобар. кб/ев/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан