• петок, 22 ноември 2024

Ериксен го исполни сонот да биде тренер на Ливерпул

Ериксен го исполни сонот да биде тренер на Ливерпул

 

Ливерпул, 23 март 2024 (МИА) – Фудбалските легенди Ливерпул и Ајакс денеска одиграа хуманитарен натпревар на „Енфилд“, а тренер на домашниот тим беше легендарниот шведски стратег Свен Горан Ериксон, кој е болен од рак.

Со ова се исполни големиот сон на Ериксон барем еден ден да биде тренер на клубот за кој отсекогаш навива. На почетокот на оваа година Ериксон објави дека му бил дијагностициран рак на панкреасот и дека во најдобро сценарио му останува уште „една година живот“.

Оваа сабота, бројни гледачи го поздравија Ериксон со громогласен аплауз додека тој одеше кон Енфилд под звуците на химната на клубот „You will never walk alone“.

- Ова беше сон. Како тренер, отсекогаш тајно сакав да дојдам во Ливерпул бидејќи тоа е клуб што го обожавам. Бевме блиску до тоа еднаш. Тоа никогаш не се случило, но се случи оваа сабота, низ смеа изјави 76-годишниот Ериксон. ег 

Остани поврзан