• среда, 15 мај 2024

Ердоган и претседателот на најголемата турска опозициска партија Озгур Озел ќе се сретнат на 2 мај

Ердоган и претседателот на најголемата турска опозициска партија Озгур Озел ќе се сретнат на 2 мај

Aнкара, 29 април 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 2 мај ќе се сретне со претседателот на најголемата опозициска Народно-републиканска партија, Јозгур Јозел, јавува Си-Ен-Ен-Турк.

Ердоган и Joзел за прв пат се сретнаа на 23 април во турскиот Парламент по приемот по повод Денот на независноста и празникот на детето.

Турскиот претседател соопшти тогаш дека тој и Јозел се договориле за нови разговори.

„Гласачите не ни дадоа задача да бидеме двајца политички лидери кои не разговараат меѓу себе. Ако има избалансирана и коректна комуникација, победува целата нација“, рече Јозел по повод разговорите.

Народно-републиканска партија победи на локалните избори на 31 март во Турција. Тоа беше прва победа за кемалистичката формација од 1977 година. Многу аналитичари коментираа дека успехот на партијата делумно се должи на нејзиниот нов претседател Јозел. За лидер на партијата тој беше избран во ноември годинава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан