Ердоган побарал Нетанјаху да не замине на самитот за Газа во Шарм ел Шеик
- Турската влада денеска објави дека Анкара одиграла одлучувачка улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот во Газа во Египет.
Анкара, 13 октомври 2025 (МИА) - Турската влада денеска објави дека Анкара одиграла одлучувачка улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот во Газа во Египет.
„На иницијатива на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, благодарение на турските дипломатски напори и поддршката на другите шефови на држави и влади, Нетанјаху нема да присуствува на состанокот во Египет“, изјави турски владин претставник за ДПА.
Израел ја претстави ситуацијата поинаку. Денеска напладне, кабинетот на египетскиот претседател објави дека Нетанјаху доаѓа, но кабинетот на израелскиот премиер кратко потоа го негираше тоа.
Канцеларијата соопшти дека Нетанјаху му се заблагодарил на претседателот Доналд Трамп за поканата за Египет, но дека не може да патува поради еврејскиот празник Симхат Тора. мс/
фото: ЕПА